Blog

Институтот за обука КОЦКА од Скопје, во соработка со здружението АКВА од Струга го спроведува под – проектот „Охрид & Преспа То Гоу“. Главната цел на подпроектот е промоција на туризмот и зголемување на економската активност на дестинациите Охрид, Струга и Преспа. Овој подпроект има за цел да се справи со ограничената онлајн содржина за промоција и информации на дестинациско ниво, преку развивање на мобилна апликација за Android и IOS оперативен систем и веб-платформа, како се-во-едно туристички водич за избраната дестинација. Под-проектот ќе придонесе за подигање на свеста за дестинацијата и зголемување на мотивацијата на патниците, не само за посета на регионот, туку и за подлабоко истражување, откако ќе бидат пристигнати.

Подпроектот  Охрид Преспа То Гоу се спроведува како дел од Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК) финансиран од Програмата за предпристапна помош на Европска Унија – ИПА 2.

За таа цел Институт за обука КОЦКА објавува повик за изразување на интерес за изработка на маркетинг кампања.