Blog

Отворен повик за ангажирање на индивидуални консултанти за три работни позиции

Институтот за обука КОЦКА од Скопје, во соработка со здружението АКВА од Струга го спроведува под – проектот „Охрид & Преспа То Гоу“. Главната цел на подпроектот е промоција на туризмот и зголемување на економската активност на дестинациите Охрид, Струга и Преспа. Овој подпроект има за цел да се справи со ограничената онлајн содржина за промоција и информации на дестинациско ниво, преку развивање на мобилна апликација за Android и IOS оперативен систем и веб-платформа, како се-во-едно туристички водич за избраната дестинација. Под-проектот ќе придонесе за подигање на свеста за дестинацијата и зголемување на мотивацијата на патниците, не само за посета на регионот, туку и за подлабоко истражување, откако ќе бидат пристигнати.

Подпроектот  Охрид Преспа То Гоу се спроведува како дел од Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК) финансиран од Програмата за предпристапна помош на Европска Унија – ИПА 2.

За таа цел Институт за обука КОЦКА објавува повик за заинтересирани физички лица во три области:

  • 6 Фотографи/камермани за изработка на 360 степени фотографија/видео на локалитети и објекти (LRCP – 1/18 – SG – 46-SH-G-1.1)
  • 9 Консултанти за прибирање и проверка на податоци на терен (LRCP – 1/18 – SG – 46-SH-G-1.2)
  • 6 фотографи (LRCP – 1/18 – SG – 46-SH-G-1.3)

Секој заинтересиран кандидат може да аплицира со праќање на своја лична биографија и